Поврзете се со нас

АТП

Неверојатен поен и пријателска прегратка за крај: Ѓоковиќ во полуфиналето во Тел Авив (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит за освојување на турнирот во Тел Авив, па по вчерашниот меч против Андухар кој беше рутина за него, денеска имаше доста потешка задача против својот добар пријател, Васек Поспишил.

Србинот и Канаѓанецот се основачи на здружението за играчи ПТПА и денеска приредија вистински спектакл во првиот сет, кој траеше точно еден час.

Двајцата беа сигурни на свој сервис и дојдовме до заслужена завршнија во тајбрејк, во која поискусниот имаше повеќе нерви и победи со 7:5.

Водството од 1:0 му донесе сигурност на Новак и поведе со 3:0 во вториот сет, но Поспишил не се предаде и возврати со серија од три гејма за 3:3.

Потоа, следуваше уште една серија од 3:0 со еден брејк на Новак, што беше доволно за победа и пласман во полуфиналето во  Тел Авив. Последниот поен беше неверојатен и истиот Ѓоковиќ го доби со помош на мрежата, по што следеше пријателска прегратка меѓу двајцата тенисери кои навистина многу се почитуваат.

Противник на Ноле во полуфиналето ќе му биде Сафиулин, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Чилиќ и Лестиен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни