Поврзете се со нас

Европски првенства

Неверојатен кам-бек на Шведска против Норвешка за пласман во полуфиналето

Објавено

на

Антологиски натпревар одиграа репрезентациите на Шведска и Норвешка кој на крај го одлучи вториот патник во полуфиналето од групата 1 на Европското првенство.

Швеѓаните на крајот победија со 24:23 иако во текот на речиси целиот натпревар беа во негатива која беше изразена и со шест голови.

Норвешка првиот дел го доби со 14:9 и многумина мислеа дека нема да ја испушти оваа предност во вторите 30 минути.

Сепак, ракометарите на Шведска смогнаа сили и во самиот финиш на натпреварот успеаја да стигнат до за нив прво водство на натпреварот што на крај значеше и победа вредна пласман во полуфиналето.

Валтер Хринц беше предводник на репрезентацијата на „трите круни“ со шест погодоци, додека во Норвешка најпрецизен беше Рајнкинд исто така со шест голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни