Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Невакцинираните ѕвезди на Реал и Челси под закана да не играат во осминафиналето во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Реал Мадрид е еден од клубовите во кои има речиси 100-процентна имунизација против Ковид 19 и тоа го потврди самиот Карло Анчелоти пред извесно време, но доколку има и барем еден фудбалер кој не примил доза против коронавирусот, во блиска иднина можат да настанат проблеми.

Во овој момент се уште има време да се спречи такво сценарио, бидејќи осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите се играат во втората половина на февруари и во месец март.

Имено, според новите правила кои ги воведе француската влада, сите професионални спортисти можат да бидат дел од натпреварите само ако се комплетно вакцинирани и доколку имаат прележано Ковид 19, бидејќи во спротивно, нема да добијат дозвола за влез на стадионите.

Овие правила ќе бидат уште построги за играчи кои доаѓаат од други земји, а така ќе биде на два осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.

Покрај играчите на Реал кои треба да допатуваат во Франција за да играат со ПСЖ, под закана се и ѕвездите на Челси, бидејќи секој невакциниран фудбалер нема да добие дозвола да настапува на француско тло.

Челси во осминафиналето игра против Лил, па Тухел сигурно ќе изврши притисок врз своите играчи за вакцинација доколку има и натаму невакцинирани во неговиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни