Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Неутешниот Нејмар утна и со честитката: Наместо на Баерн, честита на друг клуб, веднаш следеше реакција (Фото)

Објавено

на

Нејмар беше најтажниот фудбалер на теренот на „Да Луж“ по последниот судиски свиреж на вчерашниот финален натпревар од Лигата на шампионите.

Бразилецот не успеа да го предводи својот ПСЖ до тронот во фудбалска Европа и на крај мораше да се задоволи само со одличјето кое се доделува на финалистите.

Сепак, по крајот на натпреварот Нејмар испадна голем и се реши да го честита успехот на баварскиот тим преку социјалните мрежи.

Се ќе беше одлично ако не го погрешеше клубот и наместо на Баерн Минхен не му честиташе на Баер Леверкузен.

– Поразот е дел од спортот, се обидовме се, се боревме до крајот. Благодарам на сите на поддршката и честитки за Баер, -напиша Нејмар на Твитер.

Набрзо на овој твит на Нејмар следеше ретвит од страна на Баер Леверкузен од каде му фатија сеир на бразилскиот фудбалер поради грешката која ја направи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни