Поврзете се со нас

Свет

Неуништливиот хрватски „воин“ стави крај на репрезентативната кариера: Доволно беше да напишам само „99“ (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/AFASeleccionEN

Марсело Брозовиќ важи за еден до најголемите работници во светскиот фудбал и тоа го презентираше и на репрезентативно и на клупско ниво, но после сите жестоки критики кои ги доби за настапите во Германија, Брозо сега реши да се повлече од репрезентативниот фудбал.

Фудбалерот на Ал Наср денеска ја извести јавноста дека става крај на своето убаво и незабравно патување, кое на крајот ќе го памети по бројот 99.

– Ме познавате доволно добро и знаете дека не сум човек кој троши мнгу зборрови. За ова проштално писмо доволно ми беше да напишам само една бројка. „99“. Толку пати имав чест да настапам за хрватската репрезентација, со тој број ја завршувам репрезентативната кариера.

– За Хрватска секогаш давав сто осто, енергија, сила и страст. Тоа е стандард кој гоо поставија мнгу славни играчи пред мене, стандард кои го следевме сите во оваа незаборавна генерација, но и стандард кој треба да го одржат тие што доаѓаат после мене.

– Чувствувам дека со Хрватска минав и остварив се што сакав да посакам и време е за нови сили кои ќе дадат сто посто на сите натпревари за Хрватска. Многу лизгачки стартови, многу претрчани килметри, тоа се највпечатливите моменти од мојото фудбалски живото и бескрајно сум благодарен што имав привилегија да бидам дел од овој тим, – порача Брозо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни