Поврзете се со нас

Италија

Неуморниот работник во тимот на Пиоли: Се уште не ми се верува дека играм за Милан

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Исмаел Бенасер остави зад себе еден тежок период кој најмногу го мина во тешка и напорна операција, откако на крајот на минатата сезона мораше да прави операција на коленото.

Неуморниот играч за врска го скина предниот вкрстен лигамент и ја доби најтешката повреда во кариерата, но сега кога се врати на терените на мечот со Фрозиноне, сите се потсетија колку е тој важен за тимот.

Бенасер важи за неверојатен работник на теренот и тоа отсекогаш посебно било ценето од тренерот Пиоли, меѓутоа се чини дека ваквиот квалитет се крие во карактерот на фудбалерот кој и натаму покажува завидна скромност.

Исмаел веќе четири години е во Милан и стекна огромна почит на „Сан Сиро“, но самиот вели дека и ден денеска се уште не може да поверува дека игра за клуб со толку голема традиција.

– Понекогаш кога ќе пристигнам во тренинг центарот и ќе го погледнам дресот и грбот, се уште не можам да верувам дека играм за Милан. Ми текнува од каде почнав и каде бев, ова е огромно достигнување за мене.

– Кога се навраќате на такви работи, станува јасно што ви значи клубот. Секогаш имам желба да бидам уште подобар. Горд сум што се уште сум дел од Милан и ќе давам 100 проценти од себе се додека сум тука, – изјави Бенасер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни