Англија
Неуморниот борец на Јунајтед посебно го мотивирал: Чех без двоумење го избра најтешкиот противник во кариерата
Петр Чех одигра близу 500 натпревари во дресот на Челси и освои четири титули во Премиер лигата и трофејот во Лигата на шампионите за време на својата 11-годишна етапа на „Стемфорд Бриџ“, по која интересно направи трансфер во Арсенал, клуб во кој минатата година ја заврши кариерата.
Уште поспецифично беше тоа што Чехот доби директорска функција во Челси веднаш по објавувањето на пензија како играч на Арсенал, па сега како технички советник на „лондонските сини“, еден од најдобрите голмани во историјата на Премиер лигата одработи официјално интервју за телевизијата на клубот.
Чех мина импресивни 15 години во фудбалската елита на Островот и иако се соочи со многу силни противници и во Лигата на шампионите, на врвот на неговата листа за најтежок противник во кариерата стои Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
– Без сомнеж, Вејн Руни. Секојпат кога игравме против Манчестер Јунајтед, морав да бидат подготвен цело време кога тој ја имаше топката, беше многу непредвидлив и многу паметен.
– Тој е играч кој може да брка противници, кој се тепа на теренот, играч кој се отвора во празно и кој има паметна завршница. Може да ви даде гол од пола терен, може да ве лобува ако сте излезени и тоа беше голем предизвик во кој навистина уживав, – порачува Чех.
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 21 час
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 18 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 22 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 22 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Шпанијапред 17 часа
Симеоне посочи дека тактиката на Анчелоти му помогнала да го неутрализира Белингам