Поврзете се со нас

Шпанија

Нетрпеливоста меѓу Димитриевски и Винисиус датира од пресметката на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Столе Димитриевски успеа да го испровоцира Винисиус Жуниор и изнуди исклучување на големата бразилска фудбалска ѕвезда, со која македонскиот репрезентативен голман веќе имаше неколку директни епизоди низ годините во Ла Лига.

Нетрпеливоста меѓу двајцата вчера повторно дојде до израз на „Месталја“, но за оние кои не паметат, иницијалната искра за нарушување на односите на теренот започна минатата сезона кога Рајо Валјекано успеа да извлече бод на „Сантијаго Бернабеу“.

Во финишот од тој натпревар, Винисиус влезе во конфликт со македонскиот чувар на мрежата и се закануваше дека ќе се пресметаат надвор од теренот, а додека Бразилецот го правеше тоа, Македонецот се обидуваше да ги смири страстите.

Димитриевски тогаш го стави инцидентот во втор план и по крајот на натпреварот кој заврши 0:0 порача дека тоа се обични работи кои се случуваат на теренот, но вчера добивме потврда дека спомените од тој дуел предизвикаа нов инцидент на „Месталја“.

Винисиус падна во замката на Димитриевски и поради неприфатлива агресија беше испратен на предвремено туширање, потег за кој може да добие неколку натпревари суспензија од дисциплинците во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни