Нето се посрамоти со промашен зицер, Еспањол ги казни „волците“ (Видео)

pedro-neto-2

Вулверхемптон си обезбеди пласман во осминафиналето на Лига Европа уште по првиот натпревар против Еспањол, но вечерва испушти можност да оствари и втора победа над шпанскиот ривал.

Главен виновник е Педро Нето кој се најде во идеална позиција и веројатно ни самиот не знае како не успеа да погоди во завршницата. Калери казни во продолжение, па Еспањол победи со 3:2 и чесно се прости од европскиот куп.

Facebook Коментари