Поврзете се со нас

Шпанија

Несудениот „хрватски Меси“ се исповеда: Погрешив, требаше да бидам потрпелив во Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FortunaSittard

Ален Халиловиќ имаше чуден фудбалски пат и на 17-годишна возраст направи историски трансфер во Барселона, но сепак играчот кој беше етикетиран како наследник на Модриќ и како „хравтски Меси“ на крајот не ги исполни очекувањата на „Камп Ноу“.

Барса плати нешто повеќе од 2 милиони евра на Динамо Загреб и го доби најголемиот хрватски талент во тоа време, но десет години подоцна, Халиловиќ игра во Фортуна Ситард во првата холандска лига.

Офанзивниот крилен фудбалер имаше безброј неуспешни авантури во последните неколку години и промени девет клуба откако ја напушти Барселона (Спортинг Хихон, Хамбургер, Лас Палмас, Милан, Стандард Лиеж, Херенвен, Бирмингем, Ридинг и Ријека), а правејќи мала анализа на својот фудбалски пат, Халиловиќ призна дека немал доволно трпение за да ја сочека својата шанса во Барселона.

– Првите две години во Барселона беа перфектни за мене, но очекував да добијам вистинска шанса во третата сезона. Првите две сезони се формирав и сметав дека е вистинско време за да се покажам. Тогаш сфатив дека Луис Енрике не ме гледа како дел од проектот. Барса реши повторно да ме прати на позајмица и тука почнав да станувам многу фрустриран.

– Не сакав повторно да одам на позајмица и си реков во себе „Нека оди се по ѓаволите, јас си одам од тука“! Кога ќе се навратам назад, тоа беше погрешна одлука. Кога си млад мислиш дека немаш доволно време, но едноставно беше невозоможно да играм пред Чави и Иниеста. Гледајќи од сегашна гледна точка, требаше да бидам многу потрпелив, требаше да си ја чекам својата шанса во Барса, – вели Халиловиќ кој откри дека изминатово лето одбил многу милиони од Саудиска Арабија.

– Ми нудеа многу пари од Саудиска Арбија, но ги одбив. Се уште сметам дека можам да направам нешто големо во Европа. Поради тоа решив да дојдам во Ситард и да почнам нешто ново и интересно, – изјави Халиловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни