Поврзете се со нас

Светски првенства

Несудениот херој на Австријците: Секогаш боли кога ќе примите таков гол

Објавено

на

Австриската ракометна репрезентација можеби за момент се виде како голем победник на вчерашниот дуел со Македонија, но избраниците на Кире Лазаров целосно ја испочитуваа замислената акција на селекторот и ги претворија четирите секунди во гол за реми.

Пред тајм-аутот, гол за противникот постигна Лукас Хутечек и Австрија требаше само да го одбрани последниот напад, но голманот не успеа да го исконтролира силниот удар на Филип Кузмановски.

Самиот Хутечек, анализирајќи го вчерашниот дуел во Вараждин, признава дека било болно да се остане без победа на таков начин.

– Секогаш боли кога ќе примите таков гол во последните секунди.

– Чувството е дека загубивме бод против Македонија. Сепак, од утре ќе гледаме овој натпревар со гордост, затоа што бевме борбени и наоѓавме добри солуции во нападот, посебно со играта „7 на 6“, – рекол Хутечек.

Во истата група, Македонија утре од 15:30 се среќава со Катар, додека Австријците ќе се соочат со Унгарија од 20:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни