Поврзете се со нас

Свет

Нестварното финале во Португалија заврши со одбрана на Митревски, но трофејот го освои Спортинг (Видео)

Објавено

на

Порто на крајот не успеа да ги обедини сите три трофеи на домашната сцена, откако денеска во драматичното и неверојатно финале загуби од Спортинг во финалето во Купот.

По освоените титули во Суперкупот и домашното првенство, Порто влезе како фаворит за трофејот во финалето, но не ја оправда оваа улога и во луд и незаборавен финиш „змејовите“ мораа да им честитаат на ракометарите на Спортинг.

Интересно, мечот заврши со интервенција на македонскиот голман Никола Митревски, но таа имаше само епизодно значење бидејќи тоа беше последниот напад на мечот кој траеше 80 минути и кој заврши со 36:35.

Овој натпревар ќе се памети по беспоштедната битка, необичната должина и грчевите кои ги имаа ракометарите на двата тима, бидејќи победникот не беше решен по 60 минути, а ниту по првото продолжение.

Во португалското финале се играа две продолженија од по 10 минути, по кои на крајот конечно добивме победник, а тоа е тимот на Спортинг.

Херој беше Кико Коста со 13 постигнати гола и го заврши мечот како најдобар на теренот, издание со кое му помогна на Спортинг да дојде до првата титула во Купот по пауза од осум години, вкупно 16-та во клупската историја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни