Поврзете се со нас

Франција

Нестварниот рекорд на Гризман го дочека својот крај (Фото)

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Антоан Гризман беше одморен во првото полувреме од дербито со Барселона и не беше стартер на „Метрополитано“, сето тоа како последица на незгодната повреда на зглобот која ја влечеше неколку седмици.

Напаѓачот ризикуваше против Интер во Лигата на шампионите и играше со инјекции за да му помогне на тимот, но вчера не можеше да направи разлика на теренот и беше доста тивок во вторите 45 минути.

Како што јавуваат француските медиуми, причина за тоа биле новите болки во зглобот, кој сега прават да се стави крај и на еден неверојатен и нестварен рекорд кој ги шокираше и педантните статистичари.

Лекарскиот тим утврдил повреда на зглобот и препорачал нов одмор за напаѓачот, кој на овој начин за првпат нема да настапи за Франција по јуни 2017-та година.

Гризман во периодот од речиси седум години забележа 84 последователни настапи за Франција, рекорд кој тешко дека некој ќе може да го урне во блиска иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни