Поврзете се со нас

Англија

Нестварни сцении: Малерозниот Нуњез постави напаѓачки анти-рекорд во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул му одржа фудбалска лекција на Челси и постигна четири гола во мрежата на „лондонските сини“, но барем уште толку можеше да постигне Дарвин Нуњез.

Уругвајскиот напаѓач го почна дербито како играч со најмногу погодени стативи од стартот на сезоанта (осум), меѓутоа малерозниот напаѓач се погрижи за историски моменти на „Енфилд Роуд“.

Иако никој не може да му забележи за залагањето, борбата и посветеноста која ја нуди на секој натпревар, Дарвин на моменти изгледа како да е проколнат пред противничкиот гол, па така синоќа постави анти-рекорд во англиската елита.

Дарвин стана првиот играч во историјата кој на еден натпревар во Премиер лигата дури четири пати ја погодил рамката од голот, што само говори каква луда и необична вечер имаше напаѓачот на Ливерпул.

Нуњез не реализираше и удар од 11 метри на истиот натпревар, но на крајот истиот го заврши барем со асистенција по која Дијаз ги постави конечните 4:1.

Видеото од утките погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни