Поврзете се со нас

АТП

Нестварна тениска сцена: Пер испорача четири „двојни грешки“ во низа, Фоњини не можеше да поверува (Видео)

Објавено

на

Тенискиот ден во Австралија денеска беше суспендиран откако вчера еден од вработените во хотелот пријави симптоми и се покажа дека има позитивен Ковид тест, а во пресрет на возбудувањата кои продолжуваат утре на турнирите во Мелбурн, од вчерашната програма, за издвојување е пресметката која ја имаа двајца контроверзни тенисери.

Беноа Пер и Фабио Фоњини се познати по тоа што често знаат да се однесуваат доста непрофесионално на теренот, па нивната вчерашната пресметка која заврши во полза на Италијанецот ни донесе една нестварна сцена.

Фоњини го доби дуелот со 6:1 и 7:6, но воведот во мечот беше до толку необичен, што зачуден остана и Фабио кој очигледно не можеше да поверува што гледа.

Французинот Пер испорача четири двојни грешки во низа и му подари гејм на Италијанецот без овој да одигра еден удар, па дури и Фабио мавташе со рацете и се прашуваше што се случува со неговиот ривал на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни