Поврзете се со нас

Германија

Нестварна ситуација во Бундеслигата: Судијата заработи нокаут со топка, фан од трибините се покажа како добра замена! (Видео)

Објавено

на

ГЕрманската Бундеслига понуди пет натпревари во терминот од 15:30 часот, а на два од три немаше победник бидејќи завршија со резултат 1:1.

Тоа беа дуелите меѓу Хофенхајм-Хајденхајм и Волфзбург-Келн, а на овој вториот фановите видоа една неверојатна ситуација која ретко се гледа во топ пет лигите.

Левиот бек на Келн, Финкграфе ја исфли топката во аут со цела сила и немаше баш добар преглед на просторот, а сето тоа заврши со нокаут за линискиот судија Торбен Зивер.

Германскиот арбитар лежеше неколку минути на земјата и доби лекарска помош, но откако сфати дека не може да го продолжи мечот, побара замена.

Негова замена беше четвртиот судија Николас Винтер, но тогаш настана проблем и стана јасно дека нема замена за четвртиот судија.

Организаторот на мечот мораше да импровизира и пронајде фан од трибините кој е добро упатен со фудбалските правила, а германските медиуми открија дека навивачот кој облече судиска опрема бил Тобијас Крул кој е стандарден голман во германски нисколигаш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни