Поврзете се со нас

Англија

Нестварна ситуација во Англија: Црногорец гризеше како Суарез, но црвен картон доби противникот (Видео)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Престон и Блекбурн во англиската втора лига не понудил сериозен спектакл за фудбалските фанови, но како што јавуваат медиумите од Островот, се издвоила една ситуација која не можат да ја објаснат ниту новинарите.

Пресметката меѓу двата тима од Чемпионшип била одбележана од двата црвени картони, но и големата мешаница во 89-та минута во која судиите донеле несфатлива одлука.

Црвен картон добил левиот бек на Блекбурн, Овен Бек, и тоа во инцидент во кој во продолжение бил гризнат во пределот на грбот.

Дефанзивецот бил исклучен поради удар без топка, но сите во гостинскиот тим се чуделе како ист третман не добил и Милутин Осмајиќ.

Црногорецот очигледно и евидентно го гризнал противничкиот фудбалер, но за својата постапка во стилот на Луис Суарез минал само со жолт картон.

Нервозниот Бек ги покажувал трагите од забите на противникот на својот грб, но и тоа се покажало залудно за судиите кои не му обрнале преголемо внимание на дефанзивецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни