Нестварна ситуација: Новиот играч на Звезда доби две деца во ист ден, од две различни Русинки! (Видео)

ebesilio-rusinki

Црвена Звезда пред извесно време се засили со холандскиот интернационалец Лоренцо Ебесилио, а иако играчот за врска се уште нема покажано ништо конкретно на теренот, со своето неодамнешно минато успеа да се најде во фокусот на таблоидите.

Имено, Ебесилио пред пристигнувањето во Белград кратко беше дел од АПОЕЛ, но дефинитивно најинтересен бил неговиот престој во Русија од 2017 година каде како играч на Анжи успеал да создаде нестварна ситуација. Везниот фудбалер на 17 јануари 2017 година станал татко на две деца, но во дадениот случај ништо немаше да биде необично ако стануваше збор за близнаци и бебиња од иста жена. Сосема спротивно, Ебесилио добил две деца од две различни Русинки, а судбината посакала истите да се родат во ист ден.

Оваа приказна прв ја објави руски „Спорт Експрес“, а откако истата станала хит во Русија, двете мајки кои имале афера со Ебесилио гостувале во позната емисија. Ана Бугаева и Дариа Данилина гостувале во познатото шоу, а во истото откриваат дека по правната процедура и потрдата на татковството, Ебесилио сега е приморан да плаќа алиментација од 1.500 евра за секое дете.

Facebook Коментари