Поврзете се со нас

Свет

Нестварна партија на Томовски, Пешевски и Кузмановски го заокружија победничкиот ден за Македонците во Бундеслигата

Објавено

на

Македонските репрезентативци Мартин Томовски, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски се израдуваа на победи со своите екипи во денешните средби во Бундеслигата.

Во центарот на вниманието беше голманот Томовски кој имаше брилијантно издание против Ерланген, издание со кое му донесе триумф на Лудвигсхафен од 24-19. Мартин ја „спушти ролетната“ во вистинска смисла на зборот и имаше 17 интервенции, односно одбрани дури 50 проценти од ударите кон неговиот гол.

Извонреден беше и Пешевски во големиот триумф на неговиот Штутгарт над Рајн Некар Левен со 32-28. Домаќините клучната предност ја направија во првиот дел (15-11) за да потоа останат рамноправи со противникот и се израдуваат на 12 сезонски триумф.

Нашиот кружен напаѓач имаше само едно промашување, поточно реализираше пет од шесте обиди.

Бекот Кузмановски пак даде три гола (од пет удари) во славјето на Хановер над Лемго од 26-24. Филип и компанија до пред четири дена немаа ниту една победа на гостински терен во шампионатот за да сега по Кобург го надиграат и Лемго во неговиот дом.

Штутгарт со 26 бода е на 12 место, Хановер со 24 е на 14 позиција, додека Лудвигсхафен е 17 со 15 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни