Поврзете се со нас

АТП

Нестварна коинциденција: Последните два порази на Ѓоковиќ кријат луда статистика (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ влезе како апсолутен фаворит во полуфиналната пресметка со Јаник Синер поради се она што го има остварено на тенискиот грен слем во Мелбурн, но Србинот не беше на посакуваното ниво, а истовремено налета на супер расположен ривал.

Светскиот рекет број еден првпат во својата кариера загуби во едно полуфинале на Аустралијан Опен, па автоматски тоа значеше дека нема да може да се бори за својата 11-та титула на „Род Лејвер арената“.

Ѓоковиќ беше сериозно надигран од својот помлад италијански колега и мораше да му честита за одиграниот меч, но да извлече и негативни заклучоци кога е во прашање сопствената игра.

Ноле по поразот од 3:1 посочи дека одиграл еден од најлошите мечеви во кариерата на грен слем турнирите, а во моменти кога многумина уште се изненадени од конечниот епилог, пристигна и една нестварна статистика која ја извадија педантните аналитичари.

Последните два порази на Ѓоковиќ кријат луда и нестварна коинциденција, бидејќи најпрво Карлос Алкарас, а сега Јаник Синер ја прекинаа неговата доминација на Вимблдон и Аустралијан Опен.

Алкарас беше првиот тенисер кој го победи Ноле на централниот терен во Вимблдон од 2017-та година кога предаде меч со Томаш Бердих, а во тој период Ноле точно 2195- дена беше непоразен во Ол Ингланд клубот.

Денешниот пораз беше прв за Ноле во Мелбурн по оној од Хјонг Чунг во 2018-та година, а од тој меч до овој со Синер поминаа идентични 2195 дена како што беше случајот и на Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни