Поврзете се со нас

Италија

Несторовски заигра по цели осум месеци, Удинезе претрпе пораз од Емполи

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски конечно се врати на зелените терени откако заигра за тимот на Удинезе за прв пат по цели осум месеци.

Напаѓачот долго време беше надвор од терените поради незгодна повреда заработена уште во месец април, повреда која го оддалечи и од настапите за Македонија на Европското првенство.

Популарниот Несторгол влезе во игра во финишот од натпреварот во кој Удинезе загуби од Емполи со 3:1.

Џерард Делуфеу во 22. минута го отвори резултатот во корист на гостинскиот тим од Удине, а потоа на теренот постоеше само Емполи кој преку Стојановиќ, Бајрами и Пинамонти направи комплетен пресврт и стигна до посакуваните три бода.

Несторовски ги одигра последните 15-тина минути од средбата и беше прилично активен во нападот, но без да предизвика посериозна шанса за гол за неговиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни