Несторовски се повреди, фановите на Палермо загрижени дека повредата е сериозна

nestorovski

Палермо и вечерва има настап во италијанската Серија Б, а гостувањето кај Читадела по добро нема да го памети нашиот репрезентативец, Илија Несторовски.

Несторовски се пожали на повреда уште во првото полувреме и е принудно заменет во 29. минута, а при напуштањето на теренот стана јасно дека се работи за проблем кој не е наивен. Иле морал да го напушти теренот со помош на лекарите и не можел да гази на проблематичната нога, пренесуваат италијанските медиуми кои имаат песимистички прогнози за неговата ситуација.

Ла Гумина го замени Несторовски, а нашиот втор репрезентативец Александар Трајковски исто така е во почетниот тим и ќе се обиде да реализира за важни бодови за гостите.

Facebook Коментари