Поврзете се со нас

Италија

Несторовски се поблиску до трансфер, го нема во протоколот за денешниот натпревар со Верона

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски веројатно ќе реализира трансфер до крајот на преодниот рок во Италија кој завршува утре.

Искусниот, 32 годишен офанзивец е трансфер цел на неколку клуба од Серија Б кои веројатно ќе стигнат до неговиот потпис во следните нешто повеќе од 24 часа.

Според првичните информации, од Реџина најмногу притискаат за ангажман на нашиот репрезентативец кој би бил алтернатива за Франческо Форте кој пред неколку дена реализираше трансфер во Асколи иако беше посакуван од Пипо Инзаги во Реџина.

Освен овој член од Серија Б, интерес за Несторовски има и од Косенца, Модена и Венеција, а во јавноста во Италија се споменуваше и негов можен трансфер во Сампдорија.

Дека има нешто во сите овие написи на италијанските медиуми говори и фактот што Несторгол не е во комбинација за настап за Удинезе на денешниот натпревар против Верона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни