Несторовски промаши пенал, Палермо ја доби драмата со Виченца во Купот на Италија (Видео)

nestorovski

Македонските репрезентативеци, Илија Несторовски и Александар Трајковски со нивниот Палермо успеаа да се пласираат во второто коло во Купот на Италија и тоа откако вечерва во драмата со Виченца славеа на пенали со 6-5.

По 90 минути немаше победник и резултатот беше 1-1 со голови постигнати во 90 минута преку Рајковиќ и Џакомели. Во продолжението клубот од Сицилија одново бркаше негатива и се извади со голот на Рајковиќ во 120 минута, по што се пристапи кон изведување на пенали.

Во серијата не погоди Несторовски, прецизен пак беше Трајковски за да во седмата серија Белуши биде прецизен и го одведе Палермо на дуел со Калјари.

Facebook Коментари