Балкан
Несторовски потпиша нов договор со Славен Белупо: Овде се чувствувам како дома, не ни погледнав…

Искусниот македонски напаѓач, Илија Несторовски ја продолжи соработката со хрватскиот прволигаш Славен Белупо.
Тој во клубот од Копривница пристигна по епизодата во италијански Асколи и во првиот дел од оваа сезона на осум натпревари во сите конкуренции забележа три погодоци и една асистенција.
-Среќен сум што се договоривме за нова соработка, бидејќи во Копривница се чувствувам како дома. Во клубот владее семејна атмосфера и кога клупските челници ми понудија нов договор, не се двоумев ниту минута. Не ни погледнав што пишува, веднаш потпишав и среќен сум што ќе останам во Копривница барем уште една година откако ќе заврши актуелната сезона.
-Верувам дека со голови и напорна работа на теренот ќе придонесам клубот да дојде до повисока позиција, -порача Иле кој ќе остане во оваа средина најмалку до јуни 2026 година.
Несторовски кариерата ја започна во Победа, па преку Словацко, Жижков, Металург, Интер Запрешиќ, Палермо, Удинезе и Асколи дојде во Славен, состав кој се наоѓа на шестото место на табелата.
-
Лига на шампиони15 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија23 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони16 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Италија21 час
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција22 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Англија24 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед
-
НБА22 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони12 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)