Несторовски потпиша нов договор со Палермо: Мисијата е враќање во Серија А

ile slavi

И официјално се случи и тоа што подолг период го најавуваа италијанските медиуми.  Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски стави параф на нов договор со Палермо.Палермо и официјално ја потврдија веста дека новиот договор е потпишан до 30.јуни 2021 година со македонскиот репрезентативец. Несторовски веднаш по потпишувањето изјави дека е пресреќен што останува во редовите на Палермо, во клубот кој ги препознал неговите квалитети.

– Ова е клубот кој ми даде шанса да се докажам и тоа кога ми беше најпотребно и поради тоа сега сум најсреќниот човек што со овој клуб го продолживме договорот. Ретко се добива шанса да се докажеш во Серија А, а Палермо е клубот кој виде квалитет во мене и ми даде шанса да се докажам, за подоцна и да станам капитен. Му благодарам на претседателот Маурицио Зампарини и управниот одбор на клубот, а сега време е да се посветиме на исполнување на мисијата и да го вратиме клубот во Серија А, – изјави Несторовски.

Македонскиот репрезентативец добро игра сезонава и има постигнато 9 голови во 10 натпревари. Инаку, во редовите на Палермо, тој пристигна во 2016 година како најдобар стрелец во хрватското првенство, од тимот на Интер Запрешиќ.

Nestorovski dogovor nov 2021

Facebook Коментари