Поврзете се со нас

Балкан

Несторовски погоди за победа на Славен Белупо (Видео)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/nksb1907

Илија Несторовски постигна гол за важна победа на својот тим Славен Белупо и уште еднаш имаше клучен ефект на натпревар на својата екипа во хрватското фудбалско првенство.

Македонскиот интернационалец блескаше во првото полувреме на дуелот со Вараждин и во истото постигна два гола, од кои вториот беше поништен од страна на судиите.

Несторовски го постигна голот за победа во 31. минута од средбата, поништениот погодок го постигна пред крајот на полувремето, а во вториот дел немаше промени на резултатот.

Славен Белупо стигна до нов позитивен резултат и се зацврсти на средината на табелата во домашното првенство и сега има само два бода помалку од денешниот противник.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни