Несторовски: Со победа над Финска ќе ја подобриме атмосферата во нашиот табор

mk

Македонската сениорска репрезентација утре во Белек, Турција го игра првиот од двата пријаталски натпревари предвидени за овој период, а противник ни е селекцијата на Финска.

Нашата репрезентација  веќе четири дена е во Анталија и желбата е позитивната атмосфера од тренинзите да се пренесе и на натпреварот, односно да се дојде до победа.

-Тренираме максимално, имаме одлични услови за работа во изминатите четири дена. Финска е квалитетна селекција и ја сфаќаме сериозно. Ги анализиравме нивните добри и помалку квалитетни страни и верувам дека со победа ќе ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор. Тоа секако ќе ни биде дополнителен мотив и за дуелот против Азербејџан, -рече напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски.

Три дена подоцна во Белек ќе се соочиме со Азербејџан.

Facebook Коментари