Поврзете се со нас

Репрезентација

Несторовски: Пандев е фудбалско божество во земјата во која играа Марадона, Зидан и Ван Бастен, Македонија никогаш… (Фото)

Објавено

на

Фото: ФФМ

Илија Несторовски беше најголем трагичар од македонската фудаблска експедиција, бидејќи она за што се избори на теренот, не можеше да го оствари на најголемата европска сцена поради тешката повреда која ја заработи во месец мај.

Напаѓачот на Удинезе го скина предниот вкрстен лигамент на коленото и поради операцијата остана без можност да настапи на Европското првенство, но популарниот Иле покажа големина и беше дел од македонската експедиција како морална поддршка и огромен фан на своите соиграчи.

Како дел од селекциајата, Несторовски беше сведок на последниот натпревар на Горан Пандев кој вчера струмичанецот го одигра во Амстердам, а денеска со емотивна порака му се обрати преку социјалните мрежи.

– Заврши Европско. Сонот наш од детство. Горди сме затоа што Македонија беше дел од елитата. Се пееше македонската химна, трепереа македонските срца, бевме тука заедно со најголемите. Вчера беше мечот со Холандија. Не сакавме да заврши, затоа што НАЈГОЛЕМИОТ ќе се збогува. И веќе ништо нема да биде исто, но ќе остане запишано во историјата, ќе го паметат геренации, ќе го прераскажуваат поколенија.

– Неизмерно сум среќен и горд што бев дел од генерацијата што Гранде Пандев ја предводеше до Европско првенство. Се сеќавам кога дојдов првпат во националниот тим, а тој ме пречека како да се знаеме сто години. Ми подаде рака, и на мене и на сите останати, го сплоти ова семејство и не водеше кон најголемиот успех. И верувајте, бестрашни сме, затоа што знаеме кога е најтешко, тука е Гранде. Ќе даде гол, ќе асистира, ќе помогне со совет, ќе те бодри и кога не ти оди. Нема зборови за да се опише неговата големина.

– Во Италија е фудбалско божество. Во земјата каде играа Марадона, Зидан, Ван Бастен, Дел Пјеро… Тоа е големина, тоа е величина, тоа е икона, тоа е легенда. Македонија нема да може никогаш да му се оддолжи. Може само да му биде благодарна што го има! GRAZIE CAPITANO, – порача Несторовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни