Поврзете се со нас

Италија

Несторовски одигра 90 минути во Серија А после една година и за малку не донесе израмнување за Удинезе (Видео)

Објавено

на

Илија Несторовски имаше долга пауза поради тешката повреда на коленото и тоа направи да има долга рехабилитација, а со самото тоа ја загуби минутажата која претходно ја уживаше во Удинезе.

Популарниот Несторгол оваа сезона добива шанси како резерва од клупата, но денеска после речиси 12 месеци доби цел меч од тренерот и одигра 90 минути против Лече.

Македонскиот репрезентативец беше доста активен во нападот и беше еден од најопасните играчи на гостинскиот тим, кој сепак загуби на гостувањето кај Лече со резултат 1:0.

Клучниот гол го постигна Стрефеца од пенал во 62-та минута, а Несторовски за малку можеше да ја расипе прославата на домаќините во судиското продолжение.

Несторовски лукаво биеше со глава и топката заврши за малку крај голот, но претходно голема шанса не реализираше Ехизбуе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни