Несторовски обелодени колку голови очекува да постигне во првата сезона во Удинезе

nestor-pres

Илија Несторовски веќе извесно време работи со новите соиграчи и се навикна на новите услови во Удинезе, а ова попладне со мало одложување ја дочека својата официјална промоција на која ја одржа и првата прес-конференција како член на тимот од „Дачија арена“.

Македонскиот репрезентативец е максимално аклиматизиран на условите во италијанската Серија А и добро знае каков предизвик го чека во новата сезона, но наспроти тоа, сега самиот тој одлучи да си постави цел како отскочна даска за добра етапа во Удине.

– Пред се, сакам да му се заблагодарам на клубот, за довербата која ја имаат луѓето во мене. Се надевам дека ќе вратам на теренот со голови. Шест години во низа имам двоцифрени бројки зад моето име, затоа и за оваа сезона си поставувам како цел да постигнам повеќе од 10 голови. Сакам и да асистирам, знам како да се организирам со моите соиграчи во нападот, иако моја првична улога е да давам голови како напаѓач. Кога сте помлад, почесто се промашува пред голот, мислам дека сега го имам потребното искуство за да бидам максимално ефективен, – порача Несторовски кој мина две сезони во Серија Б.

– Останав две години во Серија Б бидејќи сакав да му помогнам на Палермо да се врати во елитното друштво. Со голем ентузијазам одговорив на повикот од Удинезе, ова беше мојот прв избор и покрај другите понуди. Ова е чекор напред во мојата кариера, – нагласи Македонецот.

 

Facebook Коментари