Поврзете се со нас

Балкан

Несторовски: Не играм за Македонија затоа што сум близок со Пандев и Ангеловски

Објавено

на

Илија Несторовски е еден од нашите најдобри напаѓачи, искусен играч кој во оваа сезона одново настапува во Хрватска во редовите на Славен Белупо.

Тој игра континуирано за клубот од Копривница, пред некое време го матираше и Динамо Загреб, односно е интересен за хрватската јавност каде преку угледниот „Индекс“ објасни зошто веќе некое време не настапува за македонската А репрезентација.

-Не играм затоа што така одлучи селекторот, не ме повикува затоа што сум во добри односи со Пандев и со поранешниот селектор Ангеловски. Нема врска со новиот клуб. Не сум повикан затоа што наводно не се вклопувам во тактичките замисли на селекторот, но тоа не е важно. Можеби некои немаат храброст да се соочат.

-Во последно време не сум во репрезентацијата, но не сум се откажам, секогаш ќе се надевам на повик. Нема врска со хрватската лига, има играчи од Хајдук, Вараждин, па и послаби лиги, не ми се јавува затоа што мисли дека има подобри играчи, а на мене е пак да се докажам. Јас сум на располагање и се надевам дека вака нема да ја завршам кариерата во репрезентацијата, -порача Несторовски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни