Поврзете се со нас

Италија

Несторовски ќе добие нов тренер, Удинезе решил да го отпушти Готи

Објавено

на

Раководството на Удинезе вечерва донело одлука да го отпушти тренерот Лука Готи, што значи дека нашиот репрезентативец Илија Несторовски во иднина ќе има нов тренер.

Иако Готи беше тренерот кој изминатите сезони го одржуваше Удинезе надвор од опасната зона, серијата од четири натпревари без победа му пресуди во пресрет на новото коло во Серија А.

Удинезе вчера загуби од Емполи во рамките на 16. коло, па иако е шест бодови одалечен од опасната зона, семејството Поцо во чија сопственост е клубот, решило да му даде отказ на поранешниот помошник на Маурицио Сари.

Привремен тренер ќе биде неговиот асистент Габриеле Циофи, а наредниве денови се очекува да биде назначен и стручњак кој ќе ја води екипата во продолжението од сезоната.

Меѓу имињата кои се споменуваат се Пако Хемез и Роландо Маран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни