Несторовски го прекина постот во Серија Б, Крагл со „бомба“ го сруши Палермо (Видео)

nestorovski

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски го прекина голгетерскиот пост и погоди за Палермо во Серија Б по пауза од повеќе од два месеци.

Иле вечерва ја затресе мрежата на Фоџа, но неговиот тим доживеа неуспех и пораз од 2-1. Иле во 65 минута изнуди пенал и истиот го реализираше по што следуваше глупост на неговиот соиграч Коронадо кој во 69 минута доби црвен картон поради брутален старт.

Ова го искористија гостите, прво Дуамел во 78 израмни на 1-1 за да потоа Крагл со ремек дело од далечина донесе пресврт и водство за Фоџа. Во самиот финиш Несторовски доби шанса за израмнување, но од поволна ситуација со глава ја погоди рамката од голот на противникот.

Ова за прилепчанецот беше 11 сезонски гол, Палермо со 43 поени е на третото место на табелата.

Facebook Коментари