Поврзете се со нас

Италија

Несторовски го посвети погодокот и победата на Удинезе: Ова е за него!

Објавено

на

Тимот на Удинезе се избори за голем триумф во Рим и тоа во пресметката со Рома која ја реализираше со 2-0.

Ова за Удинезе беше прво славје по рестартот на Калчото, победа која дојде по поразите од Торино (1-0) и Аталанта (3-2). Свој значаен придонес во истата имаше Илија Несторовски кој беше автор на голот во 78 минута, гол со кој беше поставен конечниот резултат на „Олимпико“.

Голема победа на Удинезе: Несторовски ја докусури Рома на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец е секако задоволен поради погодокот и победата, а истите му ги посвети на соиграчот Роландо Мандрагора кој заработи потешка повреда пред десеттина дена и го очекува голема пауза од терените.

-Важно е што победивме. Заслуживме да победиме на овој натпревар, но исто така одигравме добро на првите два натпревари, прво против Торино и потоа против одличен тим како што е Аталанта. Денеска постигнавме одличен резултат и сите сме многу среќни.

-Оваа победа и погодок му ги посветувам на Роландо знаеме дека минува низ лоша повреда, но вчера дојде со нас и тој беше на стадионот да навива за нас. Овој триумф е за него и се надевам дека ќе може наскоро да се врати затоа што многу ни недостасува,- истакна Несторовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни