Несторовски го начна Лече, Палермо ја освои „Виа дел Маре“ (Видео)

ile-palermo

Фудбалерите на Палермо ја запишаа четвртата сезонска победа во Серија Б и тоа на гостувањето кај Лече на „Виа Дел Маре“.

Клубот од Сицилија славеше со 2-1, а свој удел и печат во победата имаа македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски. Несторовски го започна дуелот од првата минута, а за таа доверба од тренерот Стелионе возврати со погодок со одмерен удар во 29 минута.

Оваа радост на гостите не траеше долго затоа што Табанели во 37 минута израмни на 1-1, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел влезе во игра Трајковски (71 минута) како освежување за да во 85 на вистинското место се најде Пушкаш за 2-1 за Палермо и тоа во акцијата во која директно учествуваа двајцата Македонци.

До крајот немаше промени и тимот на Аце и Иле дојде до 14 бод со што е на третото место на табелата. Несторовски има четири погодоци, Трајковски три или севкупно седум од 12 на Палермо се дело на нашите напаѓачи.

Facebook Коментари