Несторовски и Елмас не добија шанса, Удинезе и Наполи ремизираа

InsinjeVsUdineze

Удинезе освои важен бод против фаворизираниот Наполи (1:1), кој ја продолжи серијата без победа во Серија А, во натпревар во кој нашите репрезентативци Илија Несторовски и Елјиф Елмас останаа на клупата за резерви на своите екипи.

Удинезе поведе преку Лазања во 32. минута, а таа предност ја задржа до 61. минута кога Зјелински погоди за 1:1.

До крајот немаше погодок, па двете екипи мораа да се задоволат само со по еден бод, по што Удинезе има вкупно 15 од исто толку натпревари, а Наполи сега е на 21 бод на табелата.

Наполи најмалку на еден натпревар го загуби и Максимовиќ кој заработи црвен картон надвор од теренот, односно додека се загреваше и протестираше кај еден од судиите.

Facebook Коментари