Несторовски донесе важна победа за Палермо (Видео)

Nestorovski-Crotone

Палермо го победи Кротоне со 1:0 и тоа со погодокот на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во 86. минута од средбата.

Домаќините го крунисаа притисокот со погодокот на Несторовски кој денеска беше стартер и го одигра целиот натпревар, реализирајќи за важни три бодови за својот тим на Сицилија.

Вториот наш интернационалец, Александар Трајковски играше до 76. минута, а Палермо сега заостанува четири бодови зад лидерот Пескара, но има и натпревар помалку.

Facebook Коментари