Италија
Несторовски би можел да си оди од Удинезе, но да остане во Серија А

Македонскиот репрезентативец и член на Удинезе, Илија Несторовски до крајот на јануарскиот преоден рок би можел да реализира неочекуван трансфер.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека тимот на Сампдорија сериозно се загреал за ангажман на македонскиот напаѓач кој не добива голема минутажа во клубот од Удине и би бил отворен за преселба во нов клуб.
Дејан Станковиќ мака мачи да ја извади Сампдорија од калта, па клубот од Џенова е во зоната за испаѓање и до крајот на сезоната ќе води битка за опстанок во елитата.
Токму Несторовски бил посочен како едно од решенијата кои би можеле да го донесат потребното искуство за клубот на крај сепак да обезбеди опстанок. Освен Несторовски, Сампдорија притиска и за ангажман на Александар Драговиќ од Црвена Звезда, па до крајот на преодниот рок клубот би можел да ги обезбеди двете засилувања.
Во текот на денешниот ден требало да има средба меѓу челниците на Сампдорија и Удинезе на која конкретно ќе се разговара за трансферот на Несторовски. Досега нема информации како поминала таа средба која претходно беше најавена од италијанските медиуми.
Инаку, за Несторовски имало интерес и од неколку клубови од Серија Б како Реџина, Модена и Косенца.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 24 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 20 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Англијапред 2 часа
Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)