Поврзете се со нас

Италија

Неста убеден дека Монца била „ограбена“ на мечот со Милан: Судиите го уништуваат фудбалот! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ACMonza

Монца има за што да жали по крајот на мечот со Милан, не само поради пропуштените шанси во првото полувреме, туку и поради фактот што и беше поништен гол во сомнителни услови.

Домаќините одработија добра акција во 7-та минута и Дани Мота испрати неодбранлив шут во мрежата на Мењон, но главниот судија Ермано Фелисијани реши да го поништи истиот, а одлуката беше потврдена и од ВАР.

Погодокот беше поништен поради минимален контакт кој го имаше Бондо со Тео Ернандес, а покрај жестоките забелешки од самите играчи на теренот, по поразот од 0:1 се јави и Алесандро Неста, поранешната легенда на Милан која сега работи како тренер во Монца.

– Чувствуваме бес во себе, но јас чувствувам и гордост од изданието на момците. Имавме две извонредни претстави против Аталанта и Милан, требаше да постигнеме четири голови, а дадовме само еден и тој ни беше поништен.

– Судиите го уништуваат фудбалот, јас така гледам на овие работи. Мора да се вратиме на стариот стил на делење правда. За каков прекршок зборуваме???? Судиите ни се извинија по мечот со Аталанта, но извинувањата нема да ја намалат штетата. Со новите имплементации само го усложнуваат фудбалот и ова веќе нема смисла. Фудбалот треба да биде поедностваен, колку што јас паметам, ова беше контактен спорт, – се пожали Неста.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни