Поврзете се со нас

Италија

Неста се враќа на познато место во Серија А

Објавено

на

foto:www.facebook.com/@ACMonza

Легендарниот италијански ас, Алесандро Неста одново се враќа во најсилната фудбалска конкуренција на „чизмата“ и тоа на познато место, место кое го напушти на крајот на минатата година.

Имено некогашниот стопер на Лацио и Милан е именуван за нов тренер на Монца. „Фенерџијата“ имаше лоши резултати под водство на Салваторе Бокети, една победа на седум средби во калчото по што управата на чело со Галијани се реши за промена, враќање на Неста.

Со само 13 бода Монца е последна на табелата и во многу лоша позиција на 14. кола до крајот и прашање е дали Алесандро може да направи нешто со оваа група со која претходно освои 10 бода на 17 лигашки натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни