Поврзете се со нас

Италија

Неста се враќа на клупата на „фенерџијата“ во Серија А

Објавено

на

Составот на Монца беше потопен на денешниот меч против Лацио на „Олимпико“, а токму овој пораз од 5-1 најверојатно ќе донесе промена на клупата на најслабиот тим во Серија А.

Последните информации кои доаѓаат од Италија велат дека Салваторе Бокети ќе заработи отказ по шесте порази кои екипата ги доживеа на седумте мечеви во шампионатот. Тој дојде на местото на Алесандро Неста во декември со цел да ја сврти ситуацијата, да донесе нова енергија, ама се случи сосема спротивното и Монца реди негативни резултати.

Адриано Галијани веќе има подготвено решение и екипата одново ќе ја води Неста. Под негово водство калчолигашот освои 10 бода на 17 натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни