Поврзете се со нас

Италија

Неста: Потегот на Милан е нелогичен

Објавено

на

Алесандро Неста е уште едно славно име од клупската историја на Милан, кое јавно негодува за прекинатата соработка со Паоло Малдини и неговиот тим.

Поранешниот дефанзивец очекувано е изненаден од потегот и смета дека раководството направило грешка.

– Не знам што се случило, но не гледам никаква логика.

– Странските инвеститори се добредојдени во италијанскиот фудбал поради парите и идеите кои ги носат, но треба и да ја почитуваат историјата на клубот, како што рече Анчелоти.

– Не можете да го игнорирате фактот дека под водство на Малдини, Милан го освои скудетото и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, – вели Неста.

Анчелоти без влакна на јазикот распали по Милан: Осудени се на пропаст!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни