Поврзете се со нас

Англија

Неспортски потег на фудбалерот на Астон Вила: Го шутна противникот, па го доби првиот црвен картон во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Екипата на Астон Вила беше прегазена од Тотенхем со 4-0 во денешното соочување на „Вила Парк“ и тоа со четири гола во второто полувреме.

Гостите максимално ги искористија своите шанси, а во остварувањето на целта имаа помош и од домашните фудбалери, поточно еден од нив кој направи непотребен потег во 65 минута.

При водство од 2-0 за „петлите“, Џон Мекгин едноставно се „исклучи“ и брутално го шутна Удоги за да го спречи во неговиот пробив. На Џон воопшто не му беше важна топката, одеше директно врз противникот за што заслужено доби директен црвен картон.

Ова за интернационалецот од Шкотска беше прво исклучување во кариерата во ПЛ, поточно во 162 натпревар предвреме беше испратен во соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни