Несмасен потег на Ле Маршан за перфектен Лацио во Лига Европа (Видео)

lazio-nica

Лацио останува со перфектен учинок и по четвртото коло во групната фаза на Лига Европа, а четвртата победа е извојувана на „Олимпико“ и тоа против Ница.

Римскиот клуб победи со 1:0 и тоа со погодок во судиското надополнување, кој всушност беше автогол по нафрлувањето на Марко Пароло, односно еден несмасен потег на гостинскиот фудбалер Максим Ле Маршан. Со оваа победа, Лацио си го гарантираше првото место во групата.

Facebook Коментари