Поврзете се со нас

Шпанија

Неславниот рекорд на Куман: Ова никогаш не и се случило на Барселона (ФОТО)

Објавено

на

Барселона не покажа ништо не вечерашното дерби против Баерн Минхен и сосема заслужено претрпе убедлив и висок пораз од 3-0.

Оваа средба донесе неколку негативни статистички податоци на тимот предводен од Роналд Куман. Токму Куман ќе биде запишан како тренерот под чие водство Барселона трипати во низа загубила на домашен терен во Лигата на шампионите, нешто што досега никогаш не се случило.

„Камп Ноу“ долго време беше тврдина во елитното натпреварување, ама тоа по доаѓањето на Холанѓанецот се промени, па така Барса загуби од Јувентус (3-0), ПСЖ (4-1) и вечерва од Баерн (3-0), три порази изразени со три гола разлика.

Кога е во прашање вечершаниот меч, каталонците немаа ниту еден шут во рамките на голот на противникот, што е првпат вакво нешто да се случи во ЛШ уште од кампањата 2003/2004.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни