Неславен кам-бек: Серена се врати на терените заедно со нејзината сестра но со пораз

serena

Серена Вилијамс и официјално го имаше своето враќање на терените по раѓањето на нејзината ќеркичка. Таа поради бременоста не смееше да игра и мораше да направи пауза од играње тенис. Нејзиното долго најавувано враќање на терените се случи на ФЕД купот против Холандија. Таа во двојки со сестра и Венус загубија од Лесли Керкхове и Деми Шурс од Холандија со резултат 0:2 (2:6, 3:6).

Сепак овој натпревар не значеше ништо во финалната пресметка зошто веќе Американките го имаа освоено Федерешејн Купот.

На стадион во Ашвил, Северна Каролина, трибините беа преполни, а тенисерката имаше поддршка и од нејзината ќеркичка.

Венус во март продолжува со игрите на Индијан Велс и на Мајами. Минатата година ја заврши на 22.место на ВТА листата.

Facebook Коментари