Поврзете се со нас

Англија

Нешто се случува во Тотенхем, веќе договорениот Фонсека нема да биде нов тренер на клубот

Објавено

на

Даниел Леви, а сега и новиот спортски директор на Тотенхем, Фабио Паратичи се соочуваат со огромни проблеми во потрагата по нов менаџер.

Имено, како што јавуваат светските медиуми преговорите за ангажман на Пауло Фонсека неочекувано пропаднале и сега од раководството на Тотенхем повторно се на почеток во потрагата по наследник на Жозе Мурињо.

Фонсека веќе беше виден на „Вајт Харт Лејн“, но договорот пропаднал поради некои даноци иако претходно се било договорено за соработка до 2023 година. Од Тотенхем не биле подготвени да ги платат даноците кои ќе настанат со разликата во неговата плата, па целата работа пропаднала.

Ова е трет неуспешен обид на Тотенхем за ангажман на нов стратег откако претходно се обидоа, но не успеаја да ги ангажираат Маурисио Покетино и Антнио Конте.

Жорге Мендеш кој имал блиски односи со Паратичи притискал за нов тренер на Тотенхем да биде назначен Џенаро Гатузо кој слично како клубот од Северен Лондон се најде во неочекувана ситуација откако по само две недели како тренер на Фиорентина се реши спогодбено да го раскине договорот со клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни