Нешто не штима во ,,кралството” на Леброн Џејмс: Торонто му нанесе сериозен пораз од 34 поени разлика на Кливленд (Видео)

lebron

Тимот на Кливленд Кавалирс се соочува со сериозна криза во своите редови. По одличните настапи во минатиот период и периоди со победи во низа, сега влезе во период кога почна да ги губи натпреварите со многу разлика. Овој пат на на гости загуби со неверојатни 34 поени разлика од тимот на Торонто  со конечни 133:99.

Дека натпреварот ќе заврши со голема разлика, се потврди и на полувреме кога  се отиде на одмор со 25 поени разлика за Рапторси.

Најефикасни играчи во тимот на Торонто беа кошаркарите Ван Влит кој убаци 22 поени и Милс и Сиакам заедно 32 поени, додека кај поразените Кавалирси  Леброн Џејмс даде 26 поени, но немаше поддршка од своите соиграчи.

Резултати од останати натпревари во НБА:

Сакраменто Кингс-Лос Анџелес Клиперс 115:121

Лос Анџелес Лејкерс-Сан Антонио Спарс 93:81

Facebook Коментари