НБА
Неш направи споредба на Џордан, Леброн и Коби и ги рангираше големите ѕвезди
Стив Неш скоро две децении беше дел од најсилната лига на светот носејќи го дресот на Феникс Санс, Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс.
Воедно Неш во овој период можеше да игра заедно или против со три големи имиња кои секогаш се споменуваат во групата на најдобрите на сите времиња-тоа се Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Коби Брајант. Токму поради ова Стив може да направи компарација, споредба со оглед на тоа што сите тројца ги имал за противници во кариерата и добро знае како е да се соочиш со нив, па така за Канаѓанецот број еден е асот на Чикаго Булс.
-Да се игра против него, имаше една работа која ја немаше кон ниту еден друг играч. Постоеше вистински страв да се игра против него, -истакна Неш.
-М-Џеј секогаш е мојот човек. Вие зборувате за Коби и Леброн. Сосема разбирам зошто луѓето го ставаат Леброн таму каде што е тој: или прв или втор на очите на многу луѓе. Кога ќе ја погледнете целата слика на сè што направи Леброн во текот на неговата кариера, тешко е да се расправате. На своето најдобро ниво Коби е таму со нив. Тој летеше, играше најдобро, беше добар-
-Ќе ме слушнете како велам: Џордан, Леброн, Коби во целосната слика. Сите тројца на највисокото ниво, играа на повисоко ниво од сите останати, -заврши плејмејекрот кој двапати беше прогласуван за најкорисен играч во НБА лигата.
-
НБА12 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Италија8 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија6 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
НБА13 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија9 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Шпанија24 часа
Мунуера Монтеро и Белингам со различни верзии за црвениот картон, Џуд може да заработи жестока казна
-
Европски купови24 часа
Алкалоид доби голема поддршка од нашата дијаспора во Италија (ФОТО)
-
АТП7 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот